Сезоната на празници носи огромен број вина и алкохолни пијалаци, но многумина не се свесни колку долго може да траат по отворањето. Оние што повремено пијат алкохол ќе бидат воодушевени кога ќе откријат дека неотворено шише има неодреден рок на траење, а отвореното шише алкохол може да пие подолг период од она што претпоставувале.
Од друга страна, виното и пивата треба да се испијат во рок од една недела по отворањето. Треба внимателно да ги прегледате отворените шишиња за знаци на мувла или инсекти, кои можеби навлегле внатре за да спречите болест – и мирисајте го пијалакот пред да се фатите за чашата, пишува „Дејли мејл“.
Колку долго траат жестоките пијалаци?
Жестоките обично траат до две години откотга ќе се отвори шишето. Виски, вотка, текила, ракија, џин и рум имаат висока содржина на алкохол со минимален шеќер.
Сепак, иако нема здравствени ризици, неопходно е да се забележи дека процесот на оксидација ќе предизвика промена во вкусот и бојата на пијалакот. Се препорачува да се заврши отвореното шише во рок од 12 до 18 месеци за да задржи што е можно повеќе од неговиот оригинален вкус.
Колку долго трае пивото?
Пивото во лименка или шише не прави голема разлика бидејќи, штом ќе се отвори, мора да се испие во рок од еден ден до два. Оксидирањето на овој конкретен алкохол ќе го направи исклучително горчлив по вкус, а газираноста ќе испари во рок од неколку часа. Ако не е отворено, пивото складирано во фрижидер може да трае и до две години по истекот на рокот – но, најбезбедно е да се провери двапати пред да се пие.
Колку долго трае виното?
Австралискиот трговец со вино, Шон Мензес, вели дека кога шишето вино е подотворено, почнува да оксидира. Времетраењето на алкохолот зависи од видот на виното, како се чува и колку останува во шишето.
Пенливото вино ќе трае само еден-два дена по отворањето, па затоа најдобро е да инвестирате во добар квалитетен затворач за шишиња или да уживате да го поделите со вашите пријатели. Во зима отворените шишиња црвено вино ќе траат од четири до пет дена, но во лето, поради жештините, тоа ќе трае два-три дена. Исто така, се препорачува црвено вино да се чува на темно место, без разлика дали е отворено или затворено.