Вулкан на остров во југозападна Јапонија еруптира денеска, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Ерупцијата се случила во 00:22 часот по локално време на планината Отаке на островот Суваносе во префектурата Кагошима, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Во моментов нема извештаи за повредени, пишува Kiyodo News.
Владата издаде предупредување за ерупција на трето ниво на скала од пет нивоа за Суванесеџима, со што се забранува влез во областа околу вулканот.
Агенцијата предупреди на можноста за фрлање големи камења во воздухот во радиус од околу 2 километри од кратерот.
Владата формираше канцеларија за врски во кабинетот на премиерот за собирање информации.