Интегрален текст од прес-конференција на Санела Шкријељ, пратеничка од СДСМ:
Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
Грижата за сите граѓани, особено за ранливите и за сите оние кои помошта од државата им е неопходна е преточена во конкретни мерки и политики.
СДСМ се грижи за зголемување на ученичкиот и студентскиот стандард, за основците, средношколците, студентите од ранливи семејства и за нивната социјална сигурност, со дополнителна финансиска поддршка во рамките на 9-тиот пакет антикризни мерки.
Во наредните неколку дена започнува исплатата на финансиска поддршка за 105.000 средношколци и ученици од семејства со месечни примања до 50.000 денари.
Во наредните 6 месеци 35.000 ученици од средно училиште месечно добиваат вкупно 10.800 денари до завршување на училишната година.
Учениците од основното образование, во наредните 6 месеци добиваат 7.200 денари до завршување на училишната година за ученик. Со оваа мерка за поддршка опфатени се 70.000 ученици од основно училиште.
За десетина дена, следува и новата, втора исплата на финансиската поддршка за пензионерите, лицата со попреченост и самохраните родители.
Над 187.000 пензионери со пониски пензии може да ги очекуваат парите на своите сметки, директно, без да аплицираат.
Во наредните 5 месеци пензионерите со пензија до 14.000 денари добиваат вкупно 15.000 денари финансиска поддршка.
Пензионерите пак со пензија од 14.000 до 16.000 денари добиваат 10.000 денари поддршка.
Нашите сограѓани, пензионери со пензии меѓу 16.000 и 19.000 денари во следните 5 месеци, добиваат поддршка од 7.500 денари.
СДСМ во услови на продолжени ефекти од енергетската криза и зголемени трошоци им помага на граѓаните.
Со СДСМ секој добива повеќе.