ВМРО-ДПМНЕ: Владата на ДУИ во 2023 година дала 7 милиони евра тендери на својот партиски донатор Еуровиа

Интегрален текст од соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

ДУИ ги гледа институциите како алатка за тендери, кои редовно ги добиваат нивни блиски фирми, а парите неретко завршуваат и во самата партија.

Ден 239 од 2023 година, Бујар Османи од ДУИ, преку МНР и дава тендер од 1.8 милиони евра на Еуровиа донатор на ДУИ.

Во јуни месец 2023 година, Ејуп Рустеми од ДУИ како директор на Јавното претпријатие за државни патишта и дава тендер на истата Еуровиа, донатор на ДУИ од 1.9 милиони евра, за чистење канавки и кресање банкини по автопат.

За ДУИ работи и СДС. Спасовски на истата Еуровиа и дал тендер од над 2 милиони евра за изградба на полициска станица во Аеродром.

Спасовски го следи и Шукова, која преку министерството за животна средина на Еуровиа и дала над 1 милион евра за регулација на одводен канал во Арачиново.

За само една година, само во 2023 година од институциите со кои раководи ДУИ и СДС донаторот на ДУИ добил скоро 7 милиони евра тендери.

Од Еуровиа во ДУИ, од ДУИ преку институциите за Еуровиа. Смрди на криминал и корупција. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме.

Треба да знаете
Последни објави