И денеска (сабота) ќе работат шалтерите за издавање на готови документи во објектите во Беко и МРТВ во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
Работното време, како што информира МВР, е од 8 до 16 часот.
Вчера, премиерот Димитар Ковачевски потврди дека личните документи за внатрешна употреба (лична карта и возачка дозвола) со старото име ќе продолжат да бидат важечки и по 12 февруари.