Амбасадорот на Македонија во Шпанија, Едмонд Адеми, се сретна со шпанскиот крал Фелипе IV на свечен прием за одбележеување на 30 години од воспоставувањето на димпломатски односи меѓу двете земји.
„На почетокот на 2024 на средба со Кралот на Шпанија Фелипе VI . Пријатен и пријателски разговор. Оваа година славиме 30 години дипломатски односи. Шпанија е голем поддржувач и пријател на Република Северна Македонија. Одлични билатерални односи, и многу простор за продлабочување на динамиката и зајканување на соработката во многу области“ објави амбасадорот Адеми.