Спасовски: Личните желби не се важни, важно е СДСМ да го одбере најдобриот кандидат за претседател

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој е во посета на САД, во интервју за сервисот Гласот на Америка, се осврнува за претстојните избори во државата, очекувањата за исходот на мајските избори за владејачката СДСМ, но и за борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Одговарајќи на прашањето дали може да се очекува негова кандидатура на претстојните претседателски избори, Спасовски посочи дека личните амбиции моментално не се важни и дека за СДСМ е важно да се одбере најдобриот кандидат за претседател и најдобрите кандидати за пратеници.

„За мене е важно оваа европска опција, овие луѓе кои размислуваат за иднината, да бидат тие кои ќе ја добијат довербата од граѓаните и целосно ќе бидам посветен и ќе одработам во тој правец. Така што, личните цели и амбиции на кој било поединец во државата, сега, во овој момент се најмалку важни. Постапките течат внатре во партијата и најважно е да се одбере најдобриот кандидат за претседател на државата и најдобрите кандидати за пратеници“ посочи Спасовски, додавајќи дека проевропскиот концепт има сериозна предност пред концептот што значи уназадување.

Треба да знаете
Последни објави