Реал Мадрид и одржа лекција на Барселона во Ријад, победи со 4:1 и го освои Суперкупот по 13-ти пат во историјата.
Фудбалерите на Реал одиграа одличен натпревар и на крилата на бразилскиот тандем Винисијус Јуниор – Родриго остварија убедлива победа и реванш за минатата сезона.
Ел Класико го одбележа Винисиус Жуниор, авторот на хет-трик кој ја погоди мрежата во 7., 10. и 39. од пенал, додека Родриго беше стрелец во 64.
Голот за Барселона го постигна Роберт Левандовски во 33. минута.