Стравот од летање е еден од стравовите што според статистиката се јавува кај секој десетти патник. Турбуленциите се една од главните причини за страв и вознемиреност кај луѓето кои летаат во авиони. Треба да знаете дека постои апликација „Турбли“ каде што можете да проверите дали ќе има турбуленции за време на избраниот лет.
Турбуленцијата во авионот е предизвикана од промена на движењето на авионот, кој почнува да се тресе поради движењето на воздушните струи. Тоа е нормална дневна рутина за пилотите и екипажот, но создава страв, непријатност и загриженост кај патниците. Треба да се знае дека постојат неколку видови турбуленции.
-Турбуленцијата се јавува како резултат на неправилни движења на воздушните струи предизвикани од вертикален вител поради движењето на воздушните маси. Тие влијанија на воздушните маси се чувствуваат како удари во авион – според Националната метеоролошка служба.
Според Националниот центар за атмосферски истражувања, повеќе од половина од сите летови на авиони доживуваат некаков вид турбуленција, а околу 20 проценти се соочуваат со сериозни турбуленции.
Апликацијата за следење на турбуленциите на летовите е „Турбли“, каде што можете да добиете целосни прогнози за очекуваните турбуленции на вашиот лет. Апликацијата содржи информации за околу 150.000 рути.
Најтурбулентни рути во светот, според податоците од апликацијата, се во Европа – летови од Милано до Женева и од Милано до Цирих, како и летови над Јапонија, Кина, Јужна Америка…
Според статистичките податоци, луѓето кои сакаат мирно да се возат треба да избегнуваат патување во Јужна Америка. Едно од најтурбулентните патувања е рутата од Сантијаго, Чиле до Боливија, а оние кои не можат да ги поднесат турбуленциите можеби најдобро е да ја заобиколат рутата од Алмати, Казахстан до главниот град на Киргистан.