Сава Осигурување АД Скопје објави берзанска информација дека Кристаин лешков е назначен за нов извршен член на Одборот на директори, како и за нов извршен директор.
„Кристиан Лешков заедно со постоечкиот извршен член на Одборот на директори и Генерален директор = Мелита Гугуловска, ја сочинуваат Управата на Друштвото и заеднички го застапуваат и претставуваат Друштвото“, гласи информацијата споделена на берза.
Лешков досега беше главен оперативен директор во Сава Осигурување, каде што дојде од банкарскиот сектор како експерт за продажба.