Директорката на Државен инспекторат за труд, Весна Томовска на денешниот брифинг со новинарите рече дека досега од медиумите не примила поплака во врска со исплатата на регресот за годишен одмор, популарниот К-15, а првата пријава според која постапиле е од националниот сервис. Томовска посочи дека во делот на претставките кои ги добиваат за К-15, веќе има намалување во делот на изречени инспекциски мерки што значи работодавачите во голем обем се усогласиле со законската регулатива. Оваа мерка е проблем и за инспекторите, бидејќи нема законски утврден минимален износ на К-15. Овој дел треба да се доусогласи за да нема проблем и кај работодавачите и кај работниците. Но, според анализите во извештаите годинава има намалување на изречени инспекциски мерки по основ на неисплатен К-15.