Во следните часови, особено во западните предели ќе има повремени врнежи од дожд со слаб до умерен, понекаде и со умерен интензитет. На планините и на повисоките места врнежите ќе бидат од снег, каде се очекува да се зголеми снежната покривка.
Снежната граница повремено би можела да се спушти и пониско (односно под 1000 метри надворска височина).
Потоа ни следува поголемо затоплување на времето, а најтопло и со натпросечно високи температури на воздухот ќе биде во четврток и петок, кога на повеќе места тие ќе се искачат до околу, па и над 10 степени. Во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе достигнат дури до близу 20 степени.
Во Скопје ќе имаме слично време, променливо облачно со услови за локален краткотраен дожд, а на околните планини и во повисоките делови од котлината повремено ќе провејува снег.
Во четврток и во петок повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југозападен правец.
Нов продор на многу студен бран од север ќе имаме за време на викендот, кога се очекува нагло заладување на времето и тогаш температурите ќе бележат тенденција на пад понекаде дури и за повеќе од 15 степени во однос на тие што ќе ги имаме во четврток и во петок.
Во сабота се очекува и нов бран на врнежи, па токму и тоа поради наглото заладување тие на повеќе места ќе преминуваат во снег.
НАПОМЕНА: Овие нагли и големи температурни промени особено лошо ќе се одразат кај метеопатите.