Пет членки на Европската унија бараат воведување царини за украинските житарки

Пет земји-членки на Европската унија, Бугарија, Полска, Унгарија, Романија и Словачка испратија заедничко писмо до Европската комисија (ЕК) во кое бараат воведување тарифи за украинските житни култури поради нелојална конкуренција, соопшти Министерството за земјоделство за соопшти денеска Унгарија.

Земјоделците во петте споменати земји „претрпеа значителна штета“ откако Европската унија ги суспендираше увозните квоти и царините за жито од Украина, се наведува во писмото.

„Извозот на жито од Украина ги турка земјоделците од земјите на ЕУ од нивните традиционални извозни пазари“, велат министрите во писмото упатено до еврокомесарот за трговија Валдис Домбровскис и до комесарот за фарми Јануш Војчеховски.

Министрите на петте земји истовремено бараат од Европската комисија да разгледа дали упатствата за производство на Украина се во согласност со стандардите на ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави