Швајцарија планира да организира мировна конференција за Украина

Швајцарија планира да ја поддржи обновата на Украина преку организирање идна мировна конференција и помагање во деминирањето на земјата разурната од војна, изјави швајцарската претседателка Виола Амхерд.

Таа на прес-конференцијата ја изрази својата солидарност со претседателот на Украина Володимир Зеленски, објави Swis.info.

Амхерд рече дека Швајцарија ќе продолжи да работи за праведен и траен мир во Украина.

Деталите за можната мировна конференција допрва треба да бидат темелно утврдени, рече Амхерд.

Водечка улога во организацијата ќе има Сојузното Министерство за надворешни работи.
Швајцарија исто така сака да се фокусира на обновата на Украина, која е од стратешко значење за стабилноста на континентот.

Принципите на Лугано на Конференцијата за обнова на Украина (URC2022), одржана во јули 2022 година, ќе послужи како политички компас за реконструкција.

Швајцарија како свој придонес издвои 1,5 милијарди франци до 2028 година, а деминирањето е централна тема на оваа помош.

Според Амхерд, земја без мини е предуслов за луѓето да се вратат дома и за рестартирање на земјоделството.

Зеленски и се заблагодари на Швајцарија за помошта и сочувството со судбината на Украина, додавајќи дека неутралноста не значи дека Швајцарија треба да ја игнорира реалноста.
Претседателот на Украина на прес-конференција ја повика Швајцарија да обезбеди повеќе хуманитарна помош.

Тој го поздрави фактот што и Швајцарија ја поддржува политиката на санкции против Русија, помага во обновата на земјата, ги отстранува мините и организира мировен самит заедно со Украина.

Зеленски повика и на зајакнување на контролата врз извозот на електронски компоненти што се користат во руските ракети.

На прашањето кои земји би можеле да учествуваат на планираниот мировен самит, Зеленски рече дека во принцип може да учествуваат сите земји кои го признале територијалниот интегритет на Украина.

Треба да знаете
Последни објави