Американската војска пресретна противбродска ракета на Хутите истрелана од Јемен

 Американската војска соопшти дека уште еден проектил истрелан од бунтовниците Хути со седиште во Јемен бил пресретнат на југот на Црвеното Море. Бунтовниците вчера истрелаа противбродска крстосувачка ракета кон разурнувач на американската морнарица околу 16:45 часот (1345 GMT), објави регионалната команда на американската војска денеска во раните утрински часови на X.

Ракетата била пресретната од американските воздухопловни сили во близина на јеменскиот крајбрежен град Ал Худаида. Нема извештаи за жртви или материјална штета.

Од избувнувањето на војната во Газа меѓу Израел и исламистичката милитантна организација Хамас, бунтовниците Хути поддржани од Иран постојано напаѓаат бродови во Црвеното Море.

Големите бродски компании за транспорт се повеќе ја избегнуваат рутата. САД и Велика Британија, поддржани од Холандија, Канада, Австралија и Бахреин, неодамна нападнаа позиции на Хутите во Јемен.

Треба да знаете
Последни објави