Претседателот на Владата Димитар Ковачевски денеска ќе ја посети општина Шуто Оризари.
Премиерот ќе се обрати на потпишувањето на договорот меѓу УНДП и Општина Шуто Оризари за изградба на Ресурсен центар за повратници и други ранливи категории на граѓани.
Од владината прес-служба информираат дека ова ќе биде прв од ваков вид центар во земјава.