Арсовска застанува на чело на партијата „Нова Алтернатива“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска е нов претседател на партијата „Нова Алтернатива“, соопштуваат од партијата. Оттаму најавуваат дека утре во 18 часот ќе има конвенција за промоција на Арсовска. Неодамна, Арсовска најави дека ќе формира своја политичка партија, со цел да учествува на престојните избори. Таа наведе дека се во процес на формирање. Како што пишуваат дел од медиумите Арсовска ја презема партијата на Ѓорѓи Оровчанец – „Нова Алтернатива“, која од 2008-ма година е во коалиција со СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави