Во самоубиствен бомбашки напад среде Сомалија загинаа три лица, две се повредени

Во самоубиствен бомбашки напад во главниот град на Сомалија, Могадишу, загинаа три лица, а две се повредени, соопшти полицијата. Додека полицијата го бркаше, бомбашот самоубиец се разнесе пред ресторанот „Ал Хинди“ во областа Хамар Ваин во Могадишу, изјави портпаролот на полицијата, Садик Али. Милитантната група Ал Шабаб, поврзана со Ал каеда, која ја презеде одговорноста за експлозијата, соопшти дека цел на нападот биле локални безбедносни претставници, пренесува „Ројтерс“. Ал Шабаб често напаѓа воени пунктови, владини институции и цивилни цели како дел од кампањата за соборување на сомалиската влада и инсталирање нова влада врз основа на сопственото толкување на исламскиот шеријатски закон.

Треба да знаете
Последни објави