Премиерот на курдскиот регион го осуди „кукавичкиот напад“ од Иран

Премиерот на ирачкиот курдски регион Масрур Барзани го осуди „флагрантното кршење на суверенитетот на Ирак и регионот на Курдистан“ и ја повика ирачката федерална влада да заземе „принципиелен став“ по „кукавичкиот напад“ на Иран врз градот Ербил.

– Ги повикувам и нашите партнери во меѓународната заедница да не молчат пред повторените напади врз народот на Курдистан, рече Барзани кој е премиер на курдскиот регион во Ирак, автономен регион со мнозинско курдско население во северниот дел на земјата.

Најмалку пет балистички проектили го погодија Ербил доцна синоќа, при што загинаа најмалку четири лица, а беа повредени шестмина.

Одговорноста за нападот ја презеде иранската Исламска револуционерна гарда.

Треба да знаете
Последни објави