Размена на оган на границата меѓу Израел и Египет

Израелската армија рано утрово објави дека отворила оган врз дваесетина „сомнителни“ лица, најверојатно шверцери на дрога, кои се упатиле кон југот на Израел од соседен Египет.

„Војниците кои дејствуваат во таа област отворија оган врз вооружени лица и тие беа погодени“, додаде војската, но не соопшти други детали.

Во Каиро, египетски безбедносен извор за телевизијата Ал Кахера Њуз изјави дека египетските сили спречиле обид за шверц на дрога на границата меѓу Израел и Египет во истиот сектор.

Според тој извор, при оваа акција дошло до конфликт при што биле уапсени шестмина шверцери. Границата меѓу Израел и Египет е главно мирна, иако е редовно место за обид за шверц на дрога.

Треба да знаете
Последни објави