Земјотрес со јачина од 4,8 степени ја погоди јапонската префектура Ишикава, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, јавува агенцијата „Кјодо“. Не е издадено предупредување за цунами. Јапонската префектура Ишикава на 1 јануари ја погоди многу силен земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтер, во кој загинаа повеќе од 220 луѓе.
