Спасовски: За една недела полицијата изврши 44 приведувања, пиша речиси 3.800 сообраќајни казни

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информираше дека во текот на изминатата недела 08.01.2024 – 14.01.2024 преземени се засилени оперативни мерки и превентивни активности во функција на поголема безбедност на граѓаните.

„Остварени 44 приведувања по разни основи, за недозволена трговија со дрога, нарушување јавен ред и мир, непријавен престој во државата, нелегално превезување огревни дрва, поседување и употреба на оружје, кражба. По преземени мерки на СВР низ државата како и мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата, издадени се 3790 прекршочни платни налози за сторени сообраќајни прекршоци.

Остварени се 13 превентивни активности на теми превенција за безбедност во сообраќајот, безбедност на моторни возила, пешаци, користење зимска опрема. Продолжуваме – транспарентно и отчетно“ се наведува во објавата на Спасовски

Треба да знаете
Последни објави