Милеи патувал со комерцијален лет за Давос, правел селфи со патниците

Претседателот на Аргентина Хавиер Милеи денеска со комерцијален лет отпатува на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, а за време на летот правел селфи со патниците.

Ова е прво патување на Милеи преку океанот откако ја презеде функцијата минатиот месец
На прашањето на новинарите во текот на летото за неговите планови за Давос, Милеи рече дека има за цел да ја донесе идејата за слобода на форум кој, како што рече, е „контаминиран со социјалистичката агенда 2030 година која само ќе донесе мизерија на светот. “

Милеи на својата лична сметка на платформата „Х“ објави видеа од влегувањето во авионот.

Неговиот портпарол Мануел Адорни рече дека Милеи патувал со комерцијален лет за да заштеди повеќе од 300.000 долари.

Покрај учеството во Давос, аргентинската делегација ќе се сретне и со шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

Милеи се соочува со предизвици да ја реши големата економска криза во земјата – да ја спречи годишната инфлација која е над 200 проценти, да обезбеди девизни резерви кои сега се во минус и повторно да привлече инвестиции.

Треба да знаете
Последни објави