Централната банка на Косово ги повлекува од оптек банкнотите од 500 евра

Централната банка на Косово (ЦБК) денеска одлучи да повлече од оптек банкнотите од 500 евра, а оваа уредба ќе стапи на сила од 1 февруари, пишува порталот Косев, а меѓу заклучоците на ЦБК се наведува дека „ниту едно физичка или правна лице нема да може да понуди услуги за депонирање или подигање готовина“ без дозвола на ЦБК.

Истовремено, приштинскиот портал Indexonline наведува дека „надлежните институции сега се обидуваат да го контролираат циркулирањето на парите увезени од Србија“.

„Банкарските и небанкарските финансиски институции се обврзани да го прекинат обновувањето на циркулацијата на постојната банкнота во износ од 500 евра“, соопшти денеска Централната банка на Косово.

Понатаму се наведува дека „увозот и извозот на евро банкноти и монети и други валути во Република Косово“ е ексклузивно право на ЦБК.

„За да се спречи внесување на фалсификувани пари, физичките и правните лица кои не вршат финансиски активности се должни да пријават монети доколку носат повеќе од 100 парчиња/единици, без разлика на количеството“, се наведува во заклучоците на ЦБК.

„Ниту едно физичко или правно лице не може да нуди услуги за депонирање или подигање готовина преку која било локација – физичка услуга или преку кој било уред или машина што ја користи клиентот, во име на давање финансиски услуги – без лиценца и овластување од ЦБК Косово“, се додава.

Ниту едно физичко или правно лице не смее да увезува и да биде опремено со техничко-електронски машини за услуги на подигање и депонирање пари, доколку не е лиценцирана како финансиска институција за вршење банкарски работи или небанкарска финансиска институција со лиценцирани услуги за електронски пари и платежни услуги.

Треба да знаете
Последни објави