Судскиот совет на дневен ред ја има иницијативата за разрешување на претседателката на Врховен суд

На денешната јавна седница, Судскиот совет треба да одлучува дали претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми ќе продолжи да ја извршува оваа функција. Нефицијално во пресрет на седницата во медиумите се појавија информации дека поднесителот на иницијативата за разрешување на претседателката на Врховен, членот на Судски совет Миљазим Мустафа ќе се откаже од барањето за покренатата дисциплинска постапка. Од Судски совет брифираат дека до нив таква информација нема пристигнато. Доколку дојде до ваков расплет, тогаш ќе се одржи седница на која само ќе се констатира дека се повлекува иницијативата и седницата за разрешување на Адеми нема да се одржи.

Тричлена комисија во состав Мирсад Суроји, Селим Адеми и Мери Радевска го подготви извештајот и тој не содржи конкретен предлог туку што е констатирано во постапката и ставот на Беса Адеми. Иницијативата за одговорност на Адеми беше покрената откако таа изјави дека судот е под политички притисок да ја прифати амнестијата на поранешниот претседател Иванов. Судскиот совет ако денеска расправа шпо ваквата иницијатива може да донесе одлука за разрешување, намалување на плата, запирање на постапката или привремено одземање на функцијата.

Треба да знаете
Последни објави