Тажна вест – Млад градежен работник загина на градилиште во Центар

Млад градежен работник загина за време на изградба на станбен објект зад Универзална сала.

Настанот е потврден и од МВР.

„Денес 09.15 часот во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски” било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен И.С.(25) од с.Сингелиќ, скопско, кој набргу починал. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи за приватна фирма, на објект во изградба на подрачјето на Центар. Увид е извршен, а известени се трудова инспекција и јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција“ се вели во соопштението од МВР.

Според последните информации од Државниот инспекторат за труд, лани на работно место загинале 17 работници, додека пак во 2022 година загинале пет помалку, односно 12 лица

Треба да знаете
Последни објави