Иран и Пакистан не сакаат понатамошна ескалација на тензиите во регионот, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан по разговорите со шефовите на дипломатиите на двете земји.
Според Фидан, Турција им препорачала на Иран и Пакистан да не ги зголемуваат тензиите дополнително и посочи дека мирот во регионот треба да се воспостави што е можно поскоро.
Турското Министерство за надворешни работи ги повика Иран, Ирак и Пакистан да покажат воздржаност и здрав разум по ескалацијата на тензиите во регионот.