Гутереш ги повика Иран и Пакистан да покажат максимална воздржаност

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш ги повика Иран и Пакистан да покажат максимална воздржаност за да се избегне понатамошна ескалација на тензиите по размената на вооружени напади, изјави денеска неговиот портпарол Стефан Дијарик.

„Генералниот секретар подвлекува дека сите безбедносни проблеми меѓу двете земји мора да се решат со мирни средства, преку дијалог и соработка, во согласност со принципите на суверенитет, територијален интегритет и добрососедски односи“, рече Дижарик.

Претходно денеска, Пакистан соопшти дека извршил прецизни напади против „терористите“ во Иран, два дена откако Техеран соопшти дека негови цели биле милитантните бази во Пакистан поврзани со Израел.

Треба да знаете
Последни објави