Ковачевски на потпишување на договор за изградба на четири системи за наводнување

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во 11:00 часот ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод потпишување на договор за избор на фирма консултант за изградбата на четири системи за наводнување.

Договорот ќе го потпишат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и претставник на консултантската компанија, во Свечената сала на Владата на Република Северна Македонија.

Треба да знаете
Последни објави