М-НАВ ги доби новите директори кои на функциите ќе стапат идната недела 

Надзорниот одбор на Македонска навигација (М-НАВ) во нов состав, го прифати предлогот на Владата за разрешување на досегашните директори Фахрудин Хамиди и Љубе Стаменковски и на нивно место ги назначи Хекуран Асани и Милан Кораќ, кои на новите функции стапуваат од наредната недела по комплетирањето на законските формалности. В понеделник ќе има нова седница на која ќе бидат потпишани записниците од денешната со што одлуката добива формално правна важност и потоа со пропратната документација ќе биде доставена до централниот регистар кој треба да ги впише двајцата нови директори – Асани и Кораќ. На денешното продолжение на седницата која почна вчера, а на дневен ред беа рокадите на раководните позиции на предлог од Валадата, по инцидентот кој се случи во М-НАВ на 4 јануари. М-НАВ ја извести Македонската берза дека по барање на Владата е отповикан Хавзи Емини од должноста независен член во Надзорниот одбор и на негово место е назначен Едмонд Калиќи, кој е предлог од синдикатот на М-НАВ. Покрај Калиќи во Надзорниот одбор се и Кристијан Михајловиќ и Димитар Џеков.

Треба да знаете
Последни објави