Пакистан го ракетира Иран

Пакистан изврши напади во Иран насочени кон сепаратистичките милитанти, соопшти пакистанското Министерство за надворешни работи, два дена откако Техеран соопшти дека нападнал бази на милитанти поврзани со Израел на пакистанска територија. Иранските медиуми јавуваат дека неколку проектили погодиле локација во провинцијата Систан и во Белуџистан, која се граничи со Пакистан, при што загинале три жени и четири деца, од кои ниту едно по потекло од Иран. -Неколку терористи беа убиени за време на оваа операција заснована на разузнавање, се вели во соопштението на пакистанското министерство опишувајќи ја операцијата како „серија високо координирани и конкретно насочени воени напади против терористичките засолништа“. „Пакистан целосно ги почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Исламската Република Иран“, додаде Министерството за надворешни работи и објасни дека „единствената цел на денешниот чин е да се обезбеди безбедноста и националниот интерес на Пакистан, кои се најважни и не може да бидат загрозени“. Пакистански разузнавачки извор за „Ројтерс“ изјави дека нападите биле извршени со воени авиони. -Нашите сили извршија напади врз милитантите на Белуџистан во Иран, изјави разузнавач во пакистанската престолнина Исламабад.

Треба да знаете
Последни објави