Полскиот суд нареди поранешниот министер Мариуш Камински, кој моментно штрајкува со глад, да биде принудно хранет во затвор, објави полскиот претседател, Анджеј Дуда.
„Од сопругата на Камински добив информација дека е издадена судска наредба за присилно хранење бидејќи неговата состојба почна да ги загрозува неговиот живот и здравјето“, изјави Дуда за новинарите во Давос.
„Ројтерс“ оценува дека тоа ќе ги разбуди емоциите во Полска во време на конфликт меѓу старата и новата администрација.