Словенија гради привремени објекти за мигрантите на границата со Хрватска

Словенија ќе постави привремени капацитети за обработка на пристигнувања на мигранти на границата со Хрватска, наведувајќи го како причина зголемувањето на пристигнувањата, соопшти денеска владата.

Властите ќе постават ограда, два санитарни и три контејнери за домување и три шатори како привремени објекти на поранешниот граничен премин Обрежје, објави државната новинска агенција СТА.

Во 2023 година бројот на неовластени влегувања е значително зголемен во однос на претходниот период, се наведува во соопштението на Владата и се истакнува дека причината за доаѓањата и зголемувањето на илегалната миграција е надворешна и дека државата нема никакво влијание врз тоа и гледа на нив како виша сила.

Официјалниот граничен премин Обрежје со Хрватска беше отстранет минатата година кога Хрватска се приклучи на Шенген зоната на слободно патување. Но, некои гранични контроли се повторно воведени поради зголемената миграција во областа.

Словенија извести за зголемен премин на мигранти од Блискиот Исток, Азија и Африка кои бараат начин да стигнат до Западна Европа. Италија, Словенија и Хрватска се согласија да соработуваат за да ја ограничат миграцијата низ трите земји.

Словенечката влада соопшти дека привремените објекти за мигранти се поставуваат бидејќи локалните полициски станици во областа немаат капацитет да го примат приливот на мигранти.

Тој аранжман ќе трае најмногу три години, соопшти Владата.

Мигрантите пристигнуваат во Словенија од Хрватска откако ја минуваат таканаречената балканска копнена рута што води од Турција до Грција или Бугарија, а потоа кон Северна Македонија, Србија и Босна.

Треба да знаете
Последни објави