Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Поради поставување на заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес – Градско, од 16.01.2024 до 18.01.2024 г. ќе биде затворено за сообраќај во период од 08:00 до 16:00 часот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2023 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2024 година. Повеќе информации може да прочитате тука.

Треба да знаете
Последни објави