ОН: Израелците ги злоставуваат палестинските затвореници во Газа

Официјален претставник на ОН за човекови права го обвини Израел за злоупотреба на палестински затвореници во Појасот Газа, велејќи дека се сретнал со луѓе кои му рекле дека се држени со недели, тепани и со врзани очи, а некои биле пуштени само во пелени.

Аџит Сунгај, претставник на ОН за човекови права во Појасот Газа, им рече на новинарите дека не се знае точно колку Палестинци притворил Израел од почетокот на воената операција во Појасот Газа по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, но тој рече се илјадници.

„Станува збор за луѓе кои израелските безбедносни сили ги задржаа на непознати локации од 30 до 55 дена“, изјави Сунгај за новинарите во Женева преку видео врска од Појасот Газа.

Тој рече дека штотуку се сретнал со ослободените затвореници во опколената енклава. „Има извештаи за пуштање мажи, но само во пелени, без соодветна облека на ова студено време“, рече тој.

Не можеше да се контактира со израелската војска и влада за коментар. Канцеларијата на израелскиот воен портпарол претходно соопшти дека израелските сили ги третираат затворениците во согласност со меѓународното право и дека од нив често се бара да ја предадат својата облека за да се провери дали имаат оружје или експлозив.

Треба да знаете
Последни објави