Трамп нема да дозволи создавање на дигитален долар доколку стане претседател на САД

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп им вети на гласачите на предизборниот митинг во Њу Хемпшир дека нема да дозволи создавање на дигитален долар доколку биде реизбран за претседател на САД.

„Како ваш претседател, никогаш нема да дозволам централната банка на САД да создаде дигитална валута. Таквата валута ќе и даде на федералната влада апсолутна контрола над вашите пари. Тие можат да ви ги земат парите, а вие нема ни да знаете дека го нема“, рече Трамп.

Американската централна банка ФЕД ја разгледува можноста за воведување на дигитален долар, но се уште нема донесено одлука за ова прашање и нема да преземе дополнителни чекори без поддршка од законодавната и извршната власт.

На идејата за дигитален долар се спротивставиле конзервативците кои веруваат дека тоа ќе и овозможи на владата да ги следи купувањата на граѓаните.

Дигиталниот долар претходно беше отфрлен од конкурентот на Доналд Трамп на прелиминарните избори на Републиканската партија, гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис.

Треба да знаете
Последни објави