Бебе неполн час откако дошло на свет е пронајдено во торба за пазарење во Лондон !

Новородено бебе во источниот дел на Лондон е пронајдено во торба за пазарење откако неполн час дошло на свет, соопшти полицијата, а пренесува Sky News. Станува збор за девојче, кое го пронашол граѓанин кој го шетал своето куче кога слушнал бебешки плач. Совесниот граѓанин кој го открил новороденчето и пријавил до надлежните институции, до доаѓањето на брзата помош детето го греел со ќебе и му го спасил животот. Температурата во четвртокот вечерта во Лондон паднала на -4 степени. Девојчето добило привремено име Елза. Полицијата е во акција за пронаоѓање на несовесната мајка.

Треба да знаете
Последни објави