(Видео) Путин се нурна во ладна вода за Богојавление

И рускиот претседател Владимир Путин утрово влегол во ладна вода по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, потврди портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. -Тој го направи тоа за да го одбележи Богојавление според традицијата“, изјави Песков за новинската агенција ТАСС. Путин трипати се нурнал во ладната вода и трипати се прекрстил.

Кремљ првпат ги објави подвизите на Путин во 2018 година, а Песков вели дека рускиот лидер ја следел традицијата и претходно, но не ја споделил со јавноста. Минатата година Путин се избања во предградијата на Москва.

Треба да знаете
Последни објави