Националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, Марјан Забрчанец на својот Фејсбук профил постави, како што тој вели, една македонска логичко-политичка равенка:
„А: Над 70% од граѓаните на сите анкети сметаат дека членството во ЕУ ќе донесе добро за државата и за народот.
Б: Над 70% од граѓаните на сите анкети сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ не може да ја приближи земјава до ЕУ односно дека европската интеграција е најслабата страна на ДПМНЕ во делот на капацитет за спроведување политики.
А + Б = В
В: Ако ЕУ носи добро за МКД и ако ВМРО-ДПМНЕ не може ја доближи Македонија до ЕУ, тогаш ВМРО-ДПМНЕ не може да донесе добро за Македонија“ пишува Забрчанец на социјалните мрежи.