Кучевишка бара и Бел Камен конечно добиваат канализација и водоводна мрежа

По 30 години населените места Кучевишка Бара и Бел Камен добиваат водовод и канализација.

Ова го објави градоначалникот на Чучер Сандево Сашко Комненовиќ.

,,Сомнежи , неверување , колебање ,30 годишни лажни ветување и што уште не остануваат зад нас.

Денес започнавме реализација на претходно склучен меѓуопштински договор помеѓу градот Скопје и Општина Чучер Сандево за реконструкција на 10 краци од дотрајаната водоводна мрежа на улица Бел Камен. Воедно по завршување со изградба на водоводната мрежа ќе се продолжи со изградба на фекална канализција во должина од 13 километри со прочистителна станица и асфалтирање на сите прекопани улици .

Општина Чучер Сандево конечно застана на нозе и успеа да отпчне со реализција на овој значаен проект со што сме бескрајно благодарни на помошта од Владата на РС Македонија предводена од премиерот Димитар Ковачевски и градончалничката на град Скопје Данела Арсовска .

Воедно го повикувам населението од Бел Камен и Кучевачка Бара да бидат трпеливи и истрајни се до завршување на градежните работи” вели градоначалникот.

Треба да знаете
Последни објави