Манарино противник на Ѓоковиќ во осминафиналето на Австралија Опен

Францускиот тенисер Адријан Манарино се пласираше денеска во осминафиналето на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн, откако триумфираше над Американецот Бен Шелтон со 7-6, 1-6, 6-7, 6-3, 6-4 по четири часа и 51 минута.

Противник на Манарино, 19 на АТП листата, ќе биде најдобриот светски тенисер и бранител на титулата во Мелбурн, Србинот Новак Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер претходно денеска го совлада Аргентинецот Томас Мартин Ечеверија со 6-3, 6-3, 7-6.

Тоа ќе биде петти меѓусебен дуел на Ѓоковиќ и Манарино, а на сите претходни победи српскиот тенисер. 

Треба да знаете
Последни објави