Вештачките заби што ги носеше поранешниот британски премиер Винстон Черчил за време на неговиот говор „Ќе се бориме на плажите“ ќе бидат понудени на аукција следниот месец за сума која најверојатно ќе достигне меѓу 5.000 и 8.000 фунти.
Позлатените протези ќе бидат понудени на аукција во Челтенхем на 6 февруари, објави Гардијан.
Директорката на аукциската куќа Котсволд, Лиз Пул, рече дека вештачките заби на Черчил ќе бидат меѓу најнеобичните предмети што куќата некогаш ги продала.
Протезата била специјално направена за Черчил да го надмине шепотењето што го развил како дете, а тој секогаш носел и резервна.
Се верува дека му биле направени четири протези, а со една бил погребан.
Черчил го прогонувал стравот дека ќе ја изгуби способноста за говор во текот на целиот свој живот, потсетува британскиот весник, наведувајќи дека заедно со протезите ќе се продава и микрофонот со кој Черчил го најави крајот на Втората светска војна.
Винстон Черчил почина на 24 јануари 1965 година.