Норвешка ги освоија првите бодови во втората фаза на машкото ракометно Европско првенство со триумф над Холандија (35:32). Норвежаните не дозволија ново изненадување, откако на мечот во Хамбург ја зедоа играта и резултатот под своја контрола во второто полувреме и со серија од 9:3 им ги урнаа надежите на Холанѓаните. Норвешка поведе со (28:23) и предноста ја задржа да крајот на мечот. Норвежаните сега имаат два бода и барем теоретски шанси да завршат на позиција која на крајот води во полуфиналето, а нема да бидат незадоволни доколку стасаат и до третата позиција во групата и можност да се борат за петтото место на ЕП, кое последно води во квалификациите за ЛОИ 2024. Претходно во првиот меч од истата група Португалија приреди ново пријатно изненадување на Европското првенство, совладувајќи ја Словенија со 33:30 и остана во игра за пласман во полуфинале.