Фејсбук страницата „Halo, инспектор“ во Хрватска често се занимава со теми врзани за потрошувачите, меѓу кои е и споредбата на цени. Овојпат се занимаваа со цената на столче ИКЕА, кое во Хрватска чини 218 евра, во Италија 129 евра, а во Германија 99 евра, пренесува index.hr.
„Мала, глупава, но богата нација“
Ги споредуваме цените на еден производ на ИКЕА во различни земји во ЕУ и надвор од неа. „Прашањето на потрошувачот е: Дали ние како граѓани на Република Хрватска навистина станавме „овци за стрижење“? Од ова се чини дека сме станале.
Објавата привлече многу коментари: „Неверојатно е што овде се е поскапо отколку во соседните земји, а ние имаме најниски плати и пензии во ЕУ“, „Значи ние сме мала, глупава, но богата нација“, „Најблиската германска ИКЕА е во Минхен, ако земате шест столчиња, поевтино е да одите таму со автомобил и да ги земете и назад, отколку да ги купите овде“, „Овде возат од Шведска преку Јупитер“.
Побарано е појаснување од ИКЕА Хрватска, и добиен е следниот одговор :
„Основната деловна идеја на ИКЕА е да понуди широк спектар на добро дизајнирани, функционални и безбедни домашни производи по ниски цени за да можат што повеќе луѓе да си ги дозволат.
При влез на пазар, основа за утврдување на цените е состојбата на тој пазар, која ги опфаќа даноците и другите давачки, цените на енергијата, логистичките карактеристики, приходите на граѓаните, присуството конкуренцијата, како и набавните цени кои не се еднакви за сите пазари.
Сите овие се елементи кои во крајна линија влијаат на крајната цена на производот и се најчестите причини зошто и во многу блиски земји има отстапување во цените на производите. Во конкретниот случај, столчето TOSSBERG во Германија се најде на списокот на производи со нова пониска цена, поради што, покрај низа веќе споменати причини, дополнително му се намали цената на тој пазар.
ИКЕА постојано се труди да ги одржува цените достапни, па во последните месеци во Хрватска понуди нови пониски цени за повеќе од 500 свои производи. Ова не е краткорочна акција, туку нова пониска цена за тие производи, а во текот на годината ИКЕА Хрватска ќе направи уште поголема инвестиција во нови пониски цени за да биде уште поблиску до својата деловна идеја да им обезбеди на клиентите производи кои се подеднакво атрактивни со нивниот дизајн, функционалност и пристапна цена“.