Русија побара од Хамас брзо да ги ослободи цивилните заложници, меѓу кои и тројца Руси

Рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Богданов во разговор со членот на Политбирото на Хамас Муса Абу-Марзук изјави дека палестинската милитантна група и другите палестински фракции треба итно да ослободат цивилни заложници, меѓу кои и тројца руски државјани, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се наведува дека руската страна ја нагласила потребата од брзо ослободување на цивилните заложници кои ги држел Хамас, меѓу кои и тројца Русинки – А. Козлова, А. Лобанова и А. Труфанова.

Во разговорот, како што објави РИА Новости, било посочено дека хуманитарната криза во Појасот Газа достигнала „катастрофални размери“.

Треба да знаете
Последни објави