Ракометната федерација на Србија денеска потврди дека го раскина договорот со селекторот Тони Џерона по разочарувачкиот настап репрезентацијата од северниот сосед на Европското првенство. Србија по ремито со Исланд во првото коло имаше реални шанси како второпласирана да продолжи во втората фаза, но во последното коло загуби од Црна Гора. Поразот донесе големо разочаруање, па двете страни спогодбено го раскинаа договорот. Шпанецот ја водеше Србија од мај 2020 година. Како најсериозен кандидат за негов наследник медиумите во Србија го споменуваат поранешниот српски репрезентативец Даниел Анѓелковиќ кој во моментов е тренер на Тулуз.
-По извршниот детален состанок со господинот Џерона, дојдовме до заклучок дека во овој момент најдобро е да дојде до раскинување на соработката во согласност со двете страни. Благодарни сме му за се позитивно што доносе за машкиот српски ракомет за време на својот мандат и му посакуваме многу среќа во иднина. Ракометниот сојуз на Србија ќе ги испочитува сите правни обврски дефинирани во договорот, изјави претседателката на Ракометната федерација на Србија, Милена Делиќ.