Од прифатните центри во Финска исчезнаа 160 мигранти

160 луѓе ги напуштија прифатните центри во Финска, а повеќето од нив не се знае каде се, изјави денеска директорот на Одделот за азил во Мигри, Анти Лехтинен.

Осумнаесет лица се појавија во други европски земји, вклучувајќи ги Холандија, Белгија, Норвешка, Шведска, Франција, Германија и Швајцарија, за повторно да поднесат барање за азил.

„Се разбира, можно е мнозинството од овие 160 да го продолжиле патувањето во друга земја, но се уште не поднеле барање за азил во тие земји“, рече Лехтинен.

Финска ја затвори својата источна граница со Русија кон крајот на минатата година поради зголемениот број мигранти кои пристигнуваат од други земји, вклучувајќи ги Сирија и Сомалија.

Таа ја обвини Москва дека ги насочува мигрантите кон нејзините граници, што Кремљ го негираше.

Управата за имиграција Мигрис соопшти дека примила 1.323 барања за азил на источната граница помеѓу август и декември минатата година, околу 900 во ноември и повеќе од 300 во декември.

Треба да знаете
Последни објави