Италијанската полиција употреби водени топови на протестот во Виченца

Италијанската полиција се судри со околу 500 демонстранти кои протестираа против присуството на израелски учесници на саемот за накит во италијанскиот град Виченца, кога тие излегоа од утврдената рута обидувајќи се да се доближат до изложбениот центар.

Демонстрантите фрлаа димни бомби и петарди кон полицијата, поради што, како што пренесува Анса, полицајците употребиле водени топови.

Четворица полицајци се повредени во конфликтот меѓу учесниците на маршот, кој започна околу 11:20 часот по локално време.

Треба да знаете
Последни објави