Софија Вергара откри зошто и се распадна бракот

Веста за разводот на Софија Вергара и Џо Манганиело е една од оние кои ја одбележаа претходната година кога се во прашање животите на познатите.

Софија Вергара и Џо Манганиело беа еден од најхармоничните парови на јавната сцена, па нивниот развод беше прилично ненадеен. Тие беа во брак осум години, а по разводот не пуштаа валкани алишта, па изгледа останаа во коректна врска. Овојпат, во интервју за шпански Ел Паис, Софија ги откри „непомирливите разлики“ кои беа наведени во документите за развод како главна причина.

„Јас сум штотуку разведена жена. Бракот ми се распадна затоа што мојот сопруг е помлад од мене, сакаше да има деца, но јас не сакав да бидам стара мајка. Мислам дека тоа не би било фер кон бебе“, откри таа.

Вергара обично не коментира никакви наводи за нејзиниот приватен живот, но овој пат реши да биде целосно искрена.

“Веќе не е за мене. Имав дете на 19 години, подготвена сум да ја прифатам улогата на баба, а не на мајка”, додала ѕвездата на Modern Family.

„Не треба да барате страдање, тоа доаѓа само по себе“, заклучува Софија во споменатото интервју.

Треба да знаете
Последни објави