(Видео) Екипи на ЈП Македонија Пат интензивно ги чистат патиштата од снежни наноси

Снегот што паѓа изминатава вечер и утрово создаде снежни покривки на поголем дел на територијата на Македонија, особено на повисоките места.

На планинските превои и во населените места на поголема надморска височина врнежите од снег се поголеми, придружени со засилен ветер што предизвикува формирање на снежни наноси на одредени патни делници.

Екипи на Јавното претпријатие „Македонија пат“ цела вечер и цело утро активно дејствуваат на терен. Се чистат сите патни правци, а особено активни се на превоите Стража, Ѓавато, Буково и Пресека, како и патот кон Маврово и Дебар.

Од ЈП “Македонија пат”, апелираат да се вози внимателно, како на планинските превои, така и во котлините.

„Апелираме до учесниците во сообраќајот да ја почитуваат пропишаната законскa одредба за поседување задолжителна зимска опрема, да користат зимски гуми, да ја  прилагодат брзината спремаусловите на патот, како и да имаат топла облека во своите возила и полни резервоари за гориво. Службите на Ј.П. Македонијапат ќе бидат постојано на терен , во потполна подготвеност и ќе ги одржуваат сите патни правци да бидат проодни“ велат од јавното претпријатие.

Треба да знаете
Последни објави